Седум години од смртта на Горан Стефановски

Стефановски зад себе остави десетици култни претстави како „Диво Месо“ „Лет во Место“ „Тетовирани души“ „Дупло дно“…

На денешен ден во 2018 година, по кратко боледување, во Кентбери, Англија, на 66годишна возраст почина македонскиот драматург Горан Стефановски.

Стефановски е роден во Битола во 1952 година, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, а драматургија студирал во Белград. Работел во Телевизија Скопје, бил асистент на Филолошки факултет, професор на Факултетот за драмски уметности, член на ПЕН центарот, на Друштвото на писатели на Македонија и од 2004 година – академик на МАНУ.

Стефановски е еден од најголемите македонски драмски пистели, зад себе остави десетици култни претстави како „Диво Месо“ „Лет во Место“ „Тетовирани души“ „Дупло дно“…

Креатор е на култната образовна емисија „Бушава Азбука“ како и на сценариото за филмот „До Балчак“ во режија на Столе Попов.

Стефановски е добитник на неколку државни признанија и награди како „11 Октомври“ „Стале Попов“ „Војдан Чернодрински“ а постхумно е одликуван со Орден за заслуги во 2021 година.

Во скопско Дебар Маало поставена е негова скулптура како и мурал во негова чест.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни