Денес, 26.07 се навршуваат седум години од смртта на Тодор Атанасовски, генерал полковник во пензија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.
Атансовски почина на 93-годишна возраст во Скопје во 2018 година.
Атанасовски е роден во Кавадарци во 1925 година, тој од рана младост се приклучил на работничкото движење и бил учесник во Народно-ослободителната борба од првите денови, за подоцна да стане и раководител на партизански борбени единици.
По ослободувањето, завршил Виша воена академија и бил началник на Штабот на Народната одбрана на Македонија и командант на Републичкиот штаб на Територијалната одбрана.
По пензионирањето од воената служба во 1985 година, Атанасовски беше претседател на Сојузот на борците на Македонија.