Седмо по ред Светско првенство за ракометната репрезентација, прв противник е Унгарија

Македонската ракометна репрезентација вечерва го почнува настапот на деветтото Светско првенство и седмо по ред. Првиот натпревар на ова првенство, репрезентацијата го игра вечерва од 20:30 часот против Унгарија.
Фото: РФМ

Македонските ракометари натпреварите од групната фаза на Светското првенство ќе ги играат во Вараждин, истиот град каде што во 2009 година, македонскиот ракомет го најави влегувањето во европската елита.

Светското ракометно првенство 2025 година се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, а ќе настапат вкупно 32 земји. Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири екипи, а Македонија покрај со Унгарија е во група и со Холандија и Гвинеја.

За пласман во главната рунда од натрпеварувањето, македонските ракометари треба да завршат на едно од првите три места во групата.

Во второто коло Македонија ќе игра против Холандија на 17 јануари, додека последниот натпревар од прелиминарната рунда ќе биде натпреварот со Гвинеја на 19 јануари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни