Организаторите најавуваат комично кабаре какво публиката во Охрид уште не видела, со Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Никола Јосифоски и Јане Тодороски.
Воедно организаторите најавуваат богата, квалитетна и разнолична програма за годинешното издание на Фестивалот на комедијата.
По вечершното шоу следуваат неколку настани во клубот „Џез Ин“, како и шоуто „Dos Comicos“ во „Куба Либре“ каде ќе гостува Бранко Крсмановиќ од Србија. Завршувањето на првиот дел е на 31 јули во Планиснката куќа „Спиродон“ со настап на „Културно-уметничките работници“. Финалето е на 13 август на сцената на Долни Сарај.
Билетите за сите шоуа може да се купат на страната www.hahaha.mk или да се резервираат на тел. бр. 075/283-066.