Себастијан Лекорни, кој во петок повторно ја презеде функцијата премиер на Франција, по оставката што ја поднесе на почетокот од неделата, во изјава за „Трибин диманш“ порача дека „повторно ќе си замина ако условите повторно не бидат исполнети“.
„Не можеме да продолжиме како порано. Ни треба пофлексибилна влада, вклучувајќи подобри односи со политичките партии“, рече премиерот, пренесува BFM TV.
Тој вчера изрази желба неговата влада да вклучува членови „со партиска сенсибилност, но не и партиски отровани