Себастијан Лекорни: „Бев подготвен на компромис, но партиите беа непопустливи“

Себастијан Лекорни поднесе оставка по само 27 дена како премиер на Франција. „Бев подготвен на компромис, но политичките партии беа непопустливи“, изјави тој. Меланшон повикува на обединување на левицата.
epa12426701 French Prime Minister Sebastien Lecornu delivers a statement at the Hotel Matignon in Paris, France, 03 October 2025, ahead of consultations with political parties before the announcement of the new government. EPA/ALAIN JOCARD / POOL MAXPPP OUT

Фанцуски премиер Себастијан Лекорни, кој денеска поднесе оставка, изјави дека бил „подготвен на компромис“, но истовремено упати критики кон непопустливоста на политичките партии за време на формирањето на владата.

„Јас бев подготвен на компромис, но секоја политичка партија сакаше другата да го прифати нејзиниот целосен програм“, рече Лекорни во обраќање пред палатата Матинјон, по поднесувањето на оставката.

Тој изрази жалење за партиската пристрасност на одредени партии која се манифестирала за време на неуспешниот процес на формирање на нова влада, пренесе телевизијата BFM.

„Секогаш треба да ја ставиме државата пред сопствената партија“, порача тој.

Меланшон повикува на состанок на левичарските партии

Трикратниот кандидат на крајната левица за претседател Жан-Лик Меланшон повика на итен состанок на сите левичарски пратенички групи во парламентот со цел да се „разгледаат сите можности кои ги отвора новонастанатата ситуација“.

Главните левичарски партии во Франција – комунистите, Меланшоновото движење Непокорена Франција, Зелените и социјалистите – минатата година настапија заеднички под знамето на Новиот народен фронт и освоија најмногу места во Националното собрание, но не успеаја да обезбедат мнозинство. Политико потсетува дека тој сојуз пропадна поради стратешки разлики.

Оставка по само 27 дена

Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска официјално поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон, што го прави премиер со најкраток мандат во историјата на Франција – само 27 дена, пренесува BFM.

Оставката следеше помалку од 24 часа откако беше претставена првата фаза од новата влада, во која главно се најдоа поранешни министри и блиски соработници на претседателот Макрон.

Состанок со министрите и прес-конференција

Лекорни утрово помина повеќе од еден час на состанок со Макрон, по што ја напушти Елисејската палата и се врати во Матинјон.

Потоа закажа состанок со своите министри за 13 часот во седиштето на премиерот, а претходно најави и прес-конференција за 10:45 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни