Страотната експлозија што се случи утрово во станбена зграда во Букурешт, досега одзеде три животи.
Во меѓувреме, бројот на повредени порасна на 17 лица, а според романските медиуми, од нив 12 се повредени како директна последица од експлозијата.
Засега, нема информации за тежината на повредите.
Во експлозијата, два ката беа целосно срушени, а долните катови беа оштетени, објавија локалните медиуми.
Според информациите на „Антена обзерватор“., меѓу загинатите е и 24-годишна трудница.
Исто така, се наведува дека една од жртвите била фрлена повеќе од 50 метри од силата на експлозијата.
Поради силата на експлозијата, постои ризик од уривање на станбената зграда, па властите ги евакуирале жителите и им забраниле да се вратат во зградата.
Посебен тим истражители ќе утврдува кои се причините за експлозијата, иако првенствено се претпоставува дека експлодирала инсталацијата за гас.