Се зголемува бројот на заразени со корона во Европа

Светската здравствена организација предупреди дека бројот на заразени со корона во Европа се зголемува и состојбата е полоша од просекот. СЗО смета дека овие бројки нема да се намалат во блиска иднина.

Во своето обраќање до печатот, Марија Ван Керков, директорка на СЗО за подготвеност и превенција од епидемии и пандемии, истакна: „Податоците од нашиот систем за надзор од 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемува во текот на неколку недели“.

Иако вкупната стапка на позитивни за вирусот е над десет проценти, тоа варира во зависност од регионот. Ван Керков предупредува дека во Европа процентот на позитивни тестови е над 20 проценти. Но, овие бројки може да сокријат повисоки стапки на инфекција, бидејќи се укажува дека циркулацијата на САРС-КоВ-2 во некои случаи е и до 20 пати повисока отколку што покажуваат бројките.

Спортистите на ОИ заразени


На Олимписките игри во Париз, повеќе од 40 спортисти биле позитивни на Ковид-19 и други респираторни заболувања, објави СЗО.
Неколку истакнати спортисти настрадаа од Ковид-19 на Олимпијадата во Париз, меѓу кои и британскиот пливач Адам Пити, додека спортистката од Австралија Лани Палистер се повлече од борбата за медал откако и се слоши.


Ризикот од нови варијанти
Агенцијата на ОН, исто така, предупреди дека постои зголемен ризик од појава на посериозни варијанти, бидејќи вирусот продолжува да се развива и шири, што може да резултира со варијанта што не реагира на лековите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни