Расте бројот на мртви во нападот на божиќниот саем: Пет лица починаа, а 205 се повредени

200 луѓе се повредени, од кои 41 се во многу тешка состојба, 86 се тешко повредени, а 78 се полесно повредени.


Германскиотт канцелар Олаф Шолц и министерка за внатрешни работи Ненси Фезер се очекува да пристигнат денеска во Магдебург, каде што најмалку пет лица загинале, вклучувајќи мало дете, а околу 200 се повредени откако маж се залетал со автомобил во луѓето на божиќниот саем.

Речиси 200 луѓе се повредени, од кои 41 се во многу тешка состојба, 86 се тешко повредени, а 78 се полесно повредени. Полицијата уапсила 50-годишен маж за кој се наведува дека е лекар од Саудиска Арабија, кој во Германија првпат дошол во 2006 година.

Инцидентот се случил синоќа непосредно по 19 часот, а неофицијални снимки покажуваат црн автомобил кој се залетува меѓу луѓето на саемот. Пораки на поддршка и сочувство пристигнуваат од целиот свет по овој трагичен напад.

Културните институции во Магдебург, како театри и музеи, ќе бидат затворени во следните денови додека градот ја жали жртвите.

Итните служби работеа цела ноќ, додека на ограденото место на злосторството останаа вооружени полициски сили.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни