Дали Брисел ќе забрани не само чување кокошки несилки во кафези, туку и употреба на сандаци и иглуа за телиња, е прашањето што го поставуваат германските медиуми откако Европската комисија објави предлог за јавна консултација за благосостојбата на одредени животни на земјоделските фарми, како дел од модернизацијата на законодавството на ЕУ.
Консултацијата завршува на 16 јули 2025 година, а Комисијата планира да презентира законски предлог за првите сектори во 2026 година. Одлуката за тоа кои сектори ќе бидат опфатени ќе биде донесена по обемни консултации со засегнатите страни и студија за изводливост спроведена оваа година.
Како што е наведено, целта е да се обезбеди високо ниво на униформна заштита на благосостојбата на животните и фер конкуренција на пазарот за земјоделците, да се намали административниот товар и да се одговори на етичките предизвици.
Според порталот „Agrarheute“, ќе се разгледа дали употребата на кафези треба постепено да се укинува (ова би можело да ги вклучи секторите на кокошки несилки, свињи, телиња, зајаци, патки, гуски и потполошки…), а посебен фокус ќе биде ставен на воведување на дигитални алатки со цел транспарентно следење на секторите со помалку административен товар.
Консултацијата е достапна на овој линк, а Комисијата уверува дека ќе ги земе предвид коментарите на земјоделците и другите страни при донесувањето на конечниот предлог.