Се вжештува трката за претседател на САД: Харис со блага предност пред Трамп

Последните анкети покажуваат дека актуелната потпретседателка на САД, Камала Харис има мала предност пред поранешниот претседател Доналд Трамп пред изборите кои треба да се одржат на 5 ноември.
Фото: Gage Skidmore

Истражувањето на CBS News/YouGov, спроведено на 18-20 септември, покажа дека Харис тесно го води Трамп на национално ниво со 52% до 48% меѓу 3.129 испитаници.

Во државите на каде што се кршат копјата, кои се клучни во американскиот систем, Харис има мала предност од 51-49, во однос на нерешените 50-50 минатиот месец. Анкетата го истакна подобреното економско расположение и дебатните перформанси на Харис како потенцијални фактори.

Анкетата на NBC од 1.000 гласачи од 13 до 17 септември покажа дека Харис води со 49 спрема 44, значителна промена од јули кога Трамп водеше со 2  процентни поени против Бајден, кој во меѓувреме се откажа од трката. NBC, исто така, објави дека поволноста на Харис скокна за 16 процентни поени од јули, што е најголем пораст за кој било политичар во нивните анкети.

Дури и анкетата Fox News, традиционално познати како поддржувачи на Трамп, спроведена од 13 до 16 септември покажа тесна трка, со Харис со 50 отсто и со Трамп со 48 отсто поддршка. Анкетата истакнува значителна промена од август кога Трамп водеше со 50-49.

Анкетите на Napolitan News Service, Mainstreet Research и Economist/YouGov исто така покажуваат водство на Харис со 50-47, 49-45 и 49-45 соодветно.

Други анкети покажуваат мешани резултати. Истражувањето на Расмусен на 1.855 веројатни гласачи покажува дека Трамп води со 49-47. Анкетата на New York Times/Siena College на 2.437 веројатни гласачи покажа дека изедначена трка со 47-47.

Аналитичарите забележуваат дека обидот за атентат врз Трамп можеби инспирирал некои поддржувачи, додека економските подобрувања би можеле да бидат од корист на Харис.

Бидејќи повеќето анкети покажуваат резултати во рамките на маргината на грешка, се уште не може со сигурност да се каже дека некој кандидат води на анкетите и дека е главен фаворит за победа на изборите на 5 ноември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни