Се враќа зимското време: Еве кога ги поместуваме стрелките и што е различно оваа година

Во ноќта меѓу 26 и 27 октомври повторно се враќаме на зимско време. Но оваа година, постои една разлика што веќе предизвикува незадоволство кај граѓаните.

На 26 октомври, во ноќта меѓу сабота и недела, повторно ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад – од 3:00 на 2:00 часот наутро. Тоа значи дека ќе спиеме еден час подолго, но и дека вечерите ќе станат потемни порано отколку што сме навикнати.

Она што ја прави оваа година поинаква е фактот дека поместувањето на времето ќе се случи најрано во последните 11 години, што значи дека сезонскиот „прекин“ ќе го почувствуваме порано од вообичаено. Иако ова за некои звучи како мала промена, многумина предупредуваат дека ќе влијае на биоритамот, расположението и квалитетот на сонот.

Незадоволството од сезонското менување на часовникот расте и во Европа. Уште во 2018 година, дури 84% од граѓаните во анкетата на ЕУ се изјаснија за укинување на оваа практика. Европскиот парламент во 2019 година дури и изгласа нејзино укинување, но земјите-членки не успеаја да се договорат која временска зона (летна или зимска) треба трајно да остане.

Некои држави веќе го направија тој чекор. Русија и Турција престанаа со сезонското менување и преминаа на трајно време – потег што сè повеќе европски експерти го поддржуваат поради здравствени и социјални причини.

Иако менувањето на часовникот е стара навика, за многумина тоа веќе нема никаква практична смисла. Повеќе светлина навечер или повеќе сон наутро – прашањето останува отворено, но е јасно дека оваа есен повторно ќе се прилагодуваме на „новото старо“ време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни