Се воведува наплата за влез и паркирање на омилената црногорска плажа Ада Бојана

Од пред два дена започна наплатата за влез на островот Ада Бојана, а од 1 јули до 15 септември ќе стапи во сила и нов режим на паркирање, објави Инстаграм профилот „Подгорички времеплов“.

Според новиот ценовник, цената за паркирање ќе изнесува 2 евра по час во периодот од 07:00 до 18:00 часот, додека во вечерните и ноќните часови – од 18:00 до 07:00 – цената ќе биде 1 евро по час.

Сопствениците на куќи на Ада Бојана ќе имаат право на две регистерски таблички, односно бесплатен паркинг за две возила. Доколку ги изнајмуваат своите куќички, нивните гости ќе плаќаат дневна паркинг карта во износ од 10 евра.

Новиот режим веќе предизвикува реакции кај посетителите и изнајмувачите, особено поради високите трошоци за време на туристичката сезона.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни