Се урна мал авион во Њујорк, леталото паднало на нива!

Ова е само една во низа воздушни несреќи кои се случија во САД изминатата недела: Во пад на хеликоптер во реката Хадсон во близина на Њујорк загинаа шест лица а во друг инцидент на Флорида, три лица загинаа кога се сруши авион од типот „Cessna 310“.

Помал авион со шест лица се сруши во американската сојузна држава Њујорк, соопшти Федералната управа за авијација на САД (FAA).

Авион од типот „Mitsubishi MU-2B“ се урнал на земјоделско поле во близина на местото Копејк (Copake), информираа надлежните служби. Леталото било на пат кон аеродромот во округот Колумбија, во Хадсон, државата Њујорк.

Според информации што ги пренесува Ројтерс, повикувајќи се на FAA и локалната полиција, во несреќата најмалку едно лице го загубило животот.

Заменик-шерифот Жаклин Салваторе била меѓу првите што пристигнале на местото на несреќата.

Ова е само една во низа воздушни несреќи кои се случија во САД изминатата недела: Во пад на хеликоптер во реката Хадсон во близина на Њујорк загинаа шест лица а во друг инцидент на Флорида, три лица загинаа кога се сруши авион од типот „Cessna 310“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни