Најмалку 36 лица загинаа денеска кога се урна црква во изградба во регионот Амхара, во Етиопија, соопштија локалните власти.
Американските медиуми пренесуваат дека трагичниот настан се случил рано утринава во црквата Мењар Шенкора Арерти Маријам во Амхара, во северна Етиопија, додека верниците се собирале на годишен настан посветен на прославата на Света Марија.
Државните медиуми во Етиопија денеска пренесуват дека импровизирано скеле поставено во црквата се урнало, при што загинаа најмалку 36 лица, а повеќе од 200 се повредени.
Сејум Алтаџе, доктор во локалната болница, рече дека меѓу жртвите има деца и постари лица.
„Досега ја потврдивме смертта на 25 лица и на повеќе од сто повредени“, рече д-р Алтаџе, додавајќи дека болницата бара поддршка од Црвениот крст за лекување на повредените.
Тешале Тилахун, локален службеник во Амхара, предупреди дека бројот на жртви може да биде поголем.
„Ова е трагична загуба за целата наша заедница“, рече Тилахун.