Се удвоија шансите дека астероидот 2024 YR4 ќе удри во Земјата

Кон крајот на 2024 година, астрономите открија нов заканувачки астероид и го нарекоа 2024 YR4. Следејќи го неговото движење, тие процениле дека има 1,3 отсто шанси да удри во Земјата. Таа шанса, сепак, денес се оценува поинаку.

Откако направија повеќе мерења, шансата 2024 YR4 да удри во нашата планета се удвоија. Сега потенцијалниот ризик од судир во 2032 година е 2,3 проценти. Научниците дошле до новиот заклучок врз основа на дури 1.000 орбитални симулации. Од вкупно илјада, 23 укажале на удар со Земјата.

Најверојатната траекторија која моментално се проценува е дека 2024 YR4 сепак ќе има блиска средба со нашата планета на растојание од 240.000 километри, што е во рамките на орбитата на Месечината, но не и „опасно блиску“.

Сепак, иако ризикот од удар е двојно зголемен, астрономите не се премногу загрижени. Со претходна проценка дека 2024 YR4 има шанси за удар од околу еден процент, тие го рангираа на 3 на скалата на Торино, што значи дека треба да бидеме претпазливи. Со нов проценет ризик од 2,3% – останува на истото скалило.

„Кога станува збор за следење на астероиди како овој, единственото нешто во кое сме сигурни е дека раните проценки се неизвесни. За разлика од орбитите на планетите, орбитите на астероидите можат да бидат крајно непредвидливи. Гравитационите влијанија од блиските објекти можат да ги придвижат. Во случајот со 2024 YR4, главниот извор на несигурност е самата Земја“, велат астрономите.

Сепак, дури и ако астрономите утврдат дека шансите за удар се речиси 100%, сепак не треба да паничиме, од неколку причини, од кои најважна, велат научниците, е дека вистинскиот ризик од астероидите не е од оние кои полека се приближуваат до Земјата од надворешниот дострел на Сончевиот систем. Поголемите ризици се оние како астероидот Чељабинск, кој дојде од правец на Сонцето во 2013 година и „нè изненади“.

„Сè уште имаме време да се подготвиме за траекторијата на овој астероид и таа е таква што имаме добри шанси да се справиме со неа. Дури и да се случи апсолутното најлошото сценарио, овој астероид не е доволно голем за да предизвика настан како изумирање. Најлошото сценарио е удар на Земјата, во густо населена област“, ​​објаснуваат астрономите.

Би требало, како што велат, да ги евакуираме луѓето од ризичната зона, но би имале неколку години да го направиме тоа. На тој начин би ги намалиле можните последици на најниско ниво.

Дури и со сето горенаведено, важно е да се има на ум дека раните пресметки на траекторијата може значително да се променат. Шансите може значително повторно да се зголемат пред да паднат, но најверојатниот исход е дека шансите на крајот ќе паднат на нула.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни