Се тресеше во Турција, земјотрес од 5 степени ги извади граѓаните на улица

Земјотрес со јачина од 5 степени вечерва бил почувствуван во централна Турција, што ги вознемири локалните жители.
Фото: ЕМСЦ

Земјотресот бил почувствуван во 20 часот и 7 минути по локално време, во близина на Козан во турската провинција Адана.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 30 километри североисточно од Козан, град со околу 90 илјади жители. Земјотресот бил почувствуван и во Османије, град со над 200 илјади жители.

Турските власти соопштија дека на терен се испратени екипите за итни случаи со цел да се проценат евентуални штети, но според првичните информации нема извештаи за жртви или поголема материјална штета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни