Овие три професии ќе бидат првите што ќе бидат погодени од вештачката интелигенција: Се стравува дека некои работни места би можеле целосно да исчезнат

Изложеноста на вештачка интелигенција веројатно ќе има различни последици за различните занимања.

Неколку независни студии веќе заклучија дека две третини од занимањата во многу блиска иднина ќе можат да бидат заменети со вештачка интелигенција или во голема мера да се извршуваат со помош на овие алатки.

Алмега, шведското здружение на работодавачи во услужниот сектор, кое ги обединува 10.000 компании со околу 500.000 вработени, во својот извештај наведува дека, меѓу другите, ревизорите, статистичарите и техничарите за звук наскоро би можеле да бидат заменети со технологија.

Од друга страна, електричарите, полицајците и возачите на брза помош ќе бидат помалку погодени од технологијата на вештачката интелигенција, според извештај спроведен од истражувачка група во Меѓународниот монетарен фонд, објавува шведскиот медиум „Дагенс Нихетер“.

Една третина од сегашните работни места ќе бидат автоматизирани
„Форбс“ пишува дека извештајот на американската консултантска фирма „МекКинзи“ предвидува дека 30 проценти од денешните работни места во САД може да бидат автоматизирани до 2030 година, а 60 проценти значително ќе се променат поради алатките за вештачка интелигенција. Инвестициската банка „Голдман Сакс“, од друга страна, верува дека речиси половина од работните места во САД би можеле да бидат целосно автоматизирани до 2045 година со помош на генеративна вештачка интелигенција и роботика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни