Десет лица кои работеле на градилиштето во населбата Чеонан, околу 90 километри јужно од Сеул, биле заробени под урнатините, соопшти Националната противпожарна агенција.
Еден од работниците бил пронајден мртов под урнатините, а осум повредени лица биле пренесени во болници, од кои двое подоцна биле прогласени за мртви. Потрага се води по уште едно лице.
Според официјалните лица, пет лица се во сериозна состојба.
Не е позната причината за уривањето.
В.д. претседателот Чои Санг-мог повика властите да ги мобилизираат сите расположливи ресурси и опрема за спасување на работниците.