Се сруши мост во Виетнам, најмалку 10 возила паднаа во реката

Супертајфунот Јаги кој донесе силни дождови во Виетнам сруши мост во северниот дел од земјата, а на социјалните мрежи се појавија видеа од моментот кога мостот пропаѓа.

На видеото кое се споделува на социјалните мрежи се гледа како се руши мостот Фонг Чау и повлекува камион во реката.

Камионот се наоѓа на работ на мостот, а како што се руши мостот, тој паѓа во реката, а човек кој вози мотор позади камионот успева да застане, пред и тој да биде повлечен во реката.

Според локалните власти, најмалку 10 возила и два скутери паднале во Црвената река кога се срушил мостот. Три лица биле спасени, а најмалку по 13 се уште се трага.

„Бројот на смртни случаи и исчезнати личности е непознат, бидејќи се уште точно не знаеме колку луѓе имало во секое возило“ велат од полицијата.

Супертајфунот Јаги е најсилната бура во Азија годинава од која животот го загубија најмалку 49 луѓе на северот на Виетнам и направи вистински хаос во инфраструктурата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни