Румеиса Гелги (27) и Џоти Амга (30) се сретнаа по повод 20-годишнината од Гинисовиот ден на рекорди. Гелги, турска научничка и правничка, е висока неверојатни 215 см. Додека, Амге, индиска актерка, е висока само 63 сантиметри.
„Беше прекрасно да се запознаам со највисоката жена на светот“, изјави Амге пред камерата.
„Таа е толку добродушна што се чувствувам многу удобно со неа“. Гелги додаде дека таа и Амге имаат многу заеднички работи.
„И двете сакаме негување, шминка, нокти и накит“, рече таа. Необичните пријателки продолжиле да разговараат и да пијат чај. Дуото ја доби титулата икони во јубилејното 70-то издание на Гинисовата книга на рекорди.
„Никогаш не мислев дека ќе ме наречат икона, а особено ми е драго што тоа се случи во 70-тото издание на Гинисовата книга на рекорди“, изјави Амге.
„Не можам да опишам колку сум среќна“, додаде таа. И Гелги беше воодушевена:
„Гледајќи се себеси меѓу сите оние уметници и спортисти на кои отсекогаш им се восхитував – тоа е чувство што не може да се опише.“
Според Гинисовата книга на рекорди, Гелги на 17 години е прогласена за највисока тинејџерка во светот, а во 2021 година е потврдена и за највисока жена на светот. Од друга страна, во 2009 година, на 15 години, Амге беше прогласена за најниска тинејџерка, а во 2011 година беше потврдена како најниска жена на светот.