Александар е стилист од Скопје, има 38 години и сонува за праведен и подобар свет. Додека верува дека сонот ќе му стане јаве, тој сака да се смее со својата ќерка и со искрените луѓе.
„Сонувам, а се осмелувам и да верувам дека еден ден сите ќе имаме барем приближно исти права, дека нашите деца ќе можат да пораснат здрави и среќни. А кога ги спомнувам децата да кажам дека насмевката на ќерка ми секогаш ми е инспирација за смеење. А често се смеам и на искрените одговори од луѓето“- искрено сподели Александар за рубриката „Насмевни се“.