Се смеам со цимерот и сонувам за цвеќара во Германија

Дијана живее во Дортмунд, Германија и се занимава со продажба и маркетинг. Додека на читателите на Трн им испраќа насмевка за поведар ден ни одговори на прашањата од рубриката „Насмевни се“.

„Сонувам да отворам цвеќара во Германија, тоа ми е планот од иднината. А кога ме прашувате со што се смеам, морам да кажам дека најмногу ме засмејува цимерот“- кажа Дијана.

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни