Се смеам на прашањето „Пак ли морам во училиште“?

Верче е забен техничар од Скопје. Големо внимание во животот посветува на својата ќерка оти во во неа ги наоѓа причините за смеење.

„Сонувам еден ден мојата ќерка да го прошета светот и да биде среќна. Со неа и најмногу се смеам, особено кога наутро ќе ме праша дали мора пак да оди на училиште“- изјави Верче за „Насмевни се“

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни