Се смеам на апсурдноста за да сонувам подобар свет

Тим лидерката Маја има 25 години и живее во Скопје. Додека позираше со насмевка да ви испрати порака за убав ден ни кажа некои работи за себе.

„Сонувам да живееме во навистина подобар свет, ете тој сон нека ми се оствари. Затоа можеби се смеам на апсурдноста на животот“- ни рече Маја за рубриката „Насмевни се“.

Во фокусот на Трн рубриката „Насмевни се“ се случајно избрани граѓани на улица кои со насмевка на нашите фоторепортери испраќаат порака за ваш поведар и понасмеан ден. Не заборавајте и вие да се смеете.

Најново

Последни колумни