Системот важи за 59 земји надвор од ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија. Се применува во сите земји членки на ЕУ, освен Ирска и Кипар, како и во Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија.
Како функционира EES?
Новото правило подразбира дигитална регистрација на биометриски податоци – отпечатоци од прсти, слика на лице и информации од пасошот. Овие ќе ја заменат класичната печатка во пасошот. При прв влез во Шенген зоната по воведувањето на системот, службениците на граница ќе ги скенираат отпечатоците и ќе направат фотографија.
Постепено, во рок од шест месеци, системот ќе се воведува на сите надворешни граници на 29 земји, а целосно ќе функционира од 10 април 2026 година.
Откако еднаш ќе поминете низ системот, при следните патувања нема да треба повторно да ги даваат вашите лични податоци, бидејќи тие ќе бидат зачувани во системот.
Што ќе чува системот?
- Лични податоци од пасошот
- Биометриски податоци (отпечаток од прсти и фотографија)
- Датум и место на влез и излез од Шенген зоната
- Информации дали сте го пробиле дозволениот период на престој
- Дали ви е одбиен влез претходно
Оние што ќе одбијат да ги дадат биометриските податоци нема да можат да влезат во земјите кои го користат EES.
Предности на новиот систем
- Брзи и поефикасни гранични контроли
- Помалку чекање на границата
- Заштита од злоупотреба на визи и нелегален престој
- Зголемена безбедност и спречување на криминал и тероризам
- Заштита на личните права и приватност, со употреба на напредна технологија