Сè што треба да знаете за Гренланд, oстровот кој Трамп го посакува

Островот својата сегашна автономија ја стекнал во 2009. година кога Данска донела закон кој ја зголемил независноста на Гренланд од Копенхаген и гренландскиот народ добил статус на нација во рамките на меѓународното право. Спомнатиот закон исто така предвидува дека Гренланд може да прогласи целосна независност во било кој момент.

Гренланд, остров во Северна Америка под управата на Данска, многу често се споменува во медиумите последниве денови поради своето геостратешко значење. Меѓутоа, тоа не е единственото што го краси, бидејќи живописните сцени од природата на островот никого не оставаат рамнодушен, а тука е и значењето на Гренланд за климатските промени.

Гренланд, најголемиот остров на светот, кој се одликува со тундри и глечери, со две третини од својата територија се наоѓа во Арктичкиот поларен круг и припаѓа на северноамериканскиот континент.

Фјордови како Scorebysund, планините на североисточен Гренланд, неверојатни ледени брегови и непроценлива тишина го остават без здив, особено оние кои се навикнати на бетон и бучава на големите градови.

Меѓутоа, овој остров, кој, и покрај својот назив, содржи многу малку зеленила, последниве денови е една од клучните зборови на светските портали и најчесто е тема во медиумите низ целиот свет, и тоа не своја волја.

Како Гренланд дошол под власт на Данска?

Гренланд е територија под јурисдикција на Данскат која ужива одредена автономија. Во состав на Данската Данска, Гренланд и Фарски острови.

Островот својата сегашна автономија ја стекнал во 2009. година кога Данска донела закон кој ја зголемил независноста на Гренланд од Копенхаген и гренландскиот народ добил статус на нација во рамките на меѓународното право. Спомнатиот закон исто така предвидува дека Гренланд може да прогласи целосна независност во било кој момент.

Островот првпат стекнал некаква автономија во 1979. година со своето знаме, јазик и институции (како парламент), но не и со правосудство, монетарна политика, одбрана, односи со други земји, устав, валута, државјанство.

Данците го колонизирале островот во 18. век со доаѓањето на данско-норвешкиот свештеник Ханс Егеде во 1721. година со цел конвертирање на домородните Инуити во христијанство. При тоа била формирана колонија Готхоб (Godthåb), која подоцна била преименувана во Нук (Nuuk), кој денес е главен град на Гренланд.

Токму САД го признале данскиот суверенитет над островот 1921. година. Ова следувало како дел од договорот со Данска, која четири години претходно го продала островот Дански Антили (или Дански Западни Индии – Danish West Indies) на САД за тогашни 25 милиони долари.

Голема загриженост поради климатските промени

Гренланд е место на климатски промени, оскудни ресурси, напната геополитика и нови трговски патишта и сите овие фактори се пресекуваат, истакнува професорот по безбедност и животна средина на Универзитетот во Охајо, Џеф Дабелко, пренесува Радио Слободна Европа.

Уште во првиот мандат, новоизбраниот претседател Доналд Трамп изразил интерес за купување на Гренланд, кој е полуавтономна територија на Данска, американски сојузник и една од земјите кои го основале НАТО, а тука се наоѓа и голема американска воена база.

Бидејќи се наоѓа на Арктичкиот круг помеѓу Соединетите Американски Држави, Русија и Европа, Гренланд е геополитички плен кој САД и другите го сакаат повеќе од 150 години, а тоа е уште поблиску затоа што Арктикот се отвора за пловидба и трговија.

„Замислете Гренланд како отворена врата на фрижидер или термостат за глобалното загревање, а се наоѓа во регион кој се загрева четири пати побрзо од остатокот од светот“, вели климатскиот научник од Универзитетот во Њујорк, Дејвид Холанд.

На него се наоѓаат ретки минерали од огромна вредност за телекомуникации, како и ураниум, потоа милијарди неискористени барели нафта и огромни залихи природен гас кои некогаш биле недостапни, и сè помалку ги има.

Многу од овие минерали моментално се испорачуваат најмногу од Кина, па се заинтересирани и други земји како Соединетите Американски Држави, вели Дабелко.

Пред три години, владата на Данска ја прекина експлоатацијата на нафта на морето со територијата на која живеат 57.000 луѓе. Меѓутоа, повеќе од нафтата, гасот или минералите, тука е огромната количина на лед, вели климатскиот научник Ерик Ригнот од Универзитетот Калифорнија.

Ако овој лед се растопи, тоа ќе ги промени крајбрежјата низ целиот свет и потенцијално ќе ги промени временските услови, што би довело до апокалиптичен сценарио, а Гренланд има доволно лед кој, ако се растопи, нивоата на светските мора ќе се подигнат за 7,4 метри.

Скоро еден метар од тоа е така наречениот „зомби лед“, кој ќе се растопи што и да се случи, покажало истражувањето од 2022. година.

Од 1992. Гренланд изгубил околу 182 милијарди тони лед секоја година, до 2019. кога изгубил 489 милијарди тони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни