Се реализираше првата „Тура на инклузивност“ во МСУ

Во рамките на едукативната програма, МСУ ја реализираше првата  ,,ТУРА НА ИНКЛУЗИВНОСТА’’ која подразбира континуирано вклучување на ранливите групи граѓани во својата образовна и изложбена програма.

Во таа насока, кустосот водич Бојана Јанева, вчера ги поведе на тура членовите на  здружението за лица со телесен инвалидитет “Мобилност Скопје” од Националниот сојуз “Мобилност Македонија”

Членовите на здружението имаа двочасовна прошетка низ актуелните изложби на МСУ заедно со Христина Просковска од „Мобилност Скопје“ како модератор на настанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни