Радиото е идеја и иницијатива на Мирко Попов и културниот центар Лабораториум.
Стартот на радиото ќе се означи со о музички настан во 21 часот во Лабораториум. Композициите кои првпат ќе бидат изведени во живо на промоцијата на Стереолаб се издадени на компилацијата „10 години љубов“.
Ова прво издание на дискографската куќа Skopska Sekta е инспирирано од песните од соло проектот на Galatheia, но вклучува сосема нови авторски композиции на Gligor Kondovski, Alembic, Joana, Stoj, posle!, Vagina Corporation, Ognen Zlatanov, Svetlost и Lepi Xhoni.
По концертот следат DJ сетови со специјален музички избор на Darko Jordanov и M.I.K.
„СТЕРЕОЛАБ“ е нов македонски електронски медиум, кој ќе ја промовира современата култура, како двигател на нови идеи и квалитетен јавен простор за различни генерации граѓани