Се разгорува конфликтот во источно Конго, бунтовниците го зазедоа најголемиот град

Бунтовниците М23 поддржани од Руанда денес го зазедоа Гома, најголемиот град во источно Конго, по втор пат во последните 13 години.
Фото: EPA-EFE/MOISE NIYONZIMA

Жителите на Гома, стратешки град со 2 милиони жители, ги дочекаа бунтовниците со мешавина на страв и претпазливо олеснување. И додека некои излегле на улиците за да ги поздрават борците, други останале дома, стравувајќи од непредвидливото однесување на М23. Во некои делови на градот се слушало пукање, а конгоанската армија понудила мал отпор.

М23, бунтовничка група предводена од Тутси, веќе ја презеде контролата на градот во 2012 година, но беше принудена да се повлече под меѓународен притисок. За време на нивната окупација, беа документирни сериозни злоупотреби, вклучувајќи егзекуции и силувања. Нивното враќање повторно ги разгоре стравувањата од нови насилства и нестабилност.

Конфликтот во источно Конго продолжува да носи страдања за цивилите, кои често се заробени во вкрстен оган меѓу различни вооружени групи. М23, со поддршка од Руанда, го проширува своето влијание, отсекувајќи ги клучните рути за снабдување и поставувајќи опсада на градовите. Хуманитарните организации се борат да ги задоволат растечките потреби на населението.

„Чекаме да дознаеме што ќе се случи, но има многу конфузија“, вели еден од жителите на Гома. Со малку знаци за решение, конфликот во источно Конго продолжува да ја загрозува егзистенцијата на милиони луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни