Началникот на противпожарната служба на Вашингтон, Џон Донели, за ДПА изјави дека се претпоставува дека сите 64 лица во патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ и тројца во воениот хеликоптер што се судрија над Вашингтон, се мртви.
Најмалку 28 тела беа извлечени од водите на реката Потомак откако авионот на „Американ ерлајнс“ со 64 лица се судри со воен хеликоптер при слетување на националниот аеродром „Роналд Реган“ во близина на Вашингтон.
Потрагата по други луѓе продолжува, но Донели смета дека нема преживеани. Причината за несреќата се уште не е позната, но според истражителите, таа можела да биде спречена.
Трупот на авионот е пронајден превртен во водата, а откриени се и остатоците од хеликоптерот.
„Утрово сите длабоко жалиме за жртвите“, рече градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боузер.
Аеродромот „Роналд Реган“ повторно ќе биде отворен во 11 часот по локално време.