Темното чоколадо од 360 грама, верзијата на чоколадо Тоблероне, сега се повлекува од асортиманот, потврди гигантот за слатки „Монделез“.
Засега нема информации за промените во врска со оригиналното чоколадо.
Тешка одлука
Портпаролот на компанијата изјави за неколку медиуми дека тоа е „тешка одлука“, но дека тие ќе продолжат да инвестираат во брендот Тоблероне.
Оригиналното „Тоблероне бар“ е измислено во 1908 година, додека темната верзија е лансирана во 1969 година.
Реакции на интернет
Оваа одлука предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што корисниците го изразија своето разочарување. Еден корисник напиша: „Прво го прекинаа Баунти, сега Тоблероне…“ Друг додаде: „Не… тоа ми беше омилено.“
Оваа „црна“ варијанта на „Тоблероне“ повеќе не е дел од колекцијата.