Етанолот, клучна состојка во средствата за дезинфекција на раце, наскоро би можел да биде прогласен за опасна супстанца во ЕУ. Европската агенција за хемикалии размислува да го класифицира како потенцијално канцероген, што би можело да доведе до негова забрана во биоцидните производи – и покрај тоа што СЗО сè уште го смета за хигиенски безбеден.
Европската унија ја разгледува можноста за класифицирање на етанолот, кој се користи во биоцидните производи како што се средствата за дезинфекција на раце, како опасна супстанца поради растечките сомневања дека може да го зголеми ризикот од рак, објави „Фајненшл тајмс“.
Според текстот, работна група во рамките на Европската агенција за хемикалии (ECHA) издаде препорака на 10 октомври со која етанолот се означува како токсична супстанца поврзана со ризици од рак и компликации при бременост, со проценка дека треба постепено да се заменува во производите за чистење и дезинфекција.
Оваа тема ќе ја дискутира Комитетот за биоцидни производи при ECHA, чиј состанок е закажан за периодот од 25 до 27 ноември.