Се повлекува омилената супа на многумина: Пронајдени метални делови во производот

Maggi во Германија повлекува две готови супи поради пронајдени метални делови. Купувачите се советуваат да не ја консумираат спорната супа, пишуваат германските медиуми.

Потрошувачите во Германија треба да бидат особено внимателни, бидејќи Maggi повлекува две супи од брокули, бидејќи некои пакувања можат да содржат метални делови.

Производот не смее да се консумира, бидејќи металните делови можат да предизвикаат повреди на устата, хранопроводот или гастроинтестиналниот тракт.


Производите кои се погодени со повлекувањето од пазарот:

Име на производот: Maggi “5-минутна терина” брокули (нем. Maggi “5 Minuten Terrine” Broccoli-Nudeltopf)
Производот се наоѓа во пластична чаша

Број на серија и датум на истекување на рокот на употреба (MHD):

  • 50590703K, 02.2026
  • 50770703K, 03.2026
  • 50530703K, 02.2026
  • 50520703K, 02.2026
  • 50550703K, 02.2026
  • 50540703K, 02.2026

Како што пишуваат германските медиуми, купувачите ќе добијат поврат на сумата за производите, и тоа без потреба од приложување на фактура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни