Можеби звучи „лудо“, но пиењето кафе, а потоа дремката , може да биде тајната за будење поенергично и подобро , пишува „Њујорк пост“.
„ На кофеинот му се потребни околу 30 минути за да се метаболизира, а додека се разбудите, можете да добиете двојна корист од освежителен сон и будност со кофеинот“, вели експертот за спиење Џејмс Вилсон од Mattress Online.
Науката дефинитивно го поткрепува ова тврдење. Студија од 2010 година покажа дека дремката веднаш по пиењето кафе може да ја подобри способноста на мозокот да апсорбира кофеин.
Иако може да изгледа дека кафето може да ве спречи да заспиете, потребно е време кофеинот да дејствува. Експертите од Healthline велат дека пиењето кофеин само 20 минути пред дремка е идеално за мирен сон.
Спиењето подолго од 30 минути може да предизвика поспаност бидејќи може да влезе во подлабока состојба на сон. За да го оптимизирате ноќниот сон, не треба да пиете кафе помалку од шест часа пред спиење.
Колку кафе треба да пиете пред спиење?
Идеалната количина кофеин што треба да се консумира пред спиење за да се чувствувате побудно е две шолји кафе или 200 мг кофеин.
Сепак, Вилсон предупреди дека не сите луѓе се исти.
„Важно е да се напомене дека преференциите на секого се индивидуални, па затоа дремката со кофеин може да функционира за некои, а за други не“, рече тој.