Сè повеќе депортации во Њу Орлеанс: Не сме криминалци, ние сме вредни луѓе

Американските имиграциски власти започнаа акција за апсење на недокументирани мигранти во Њу Орлеанс, со што градот стана најнова мета на засилените мерки на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
FILE PHOTO: U.S. President Donald Trump attends a cabinet meeting at the White House in Washington, D.C., U.S., April 10, 2025. REUTERS/Nathan Howard/File Photo

Според федералните службеници, операцијата е насочена кон лица со кривични досиеја кои биле ослободени од локални притвори поради градски политики што ја ограничуваат соработката со федералните органи задолжени за имиграција.

Трамп, републиканец, нареди спроведување слични акции во низа демократски градови низ САД, меѓу кои Лос Анџелес, Чикаго и Вашингтон, со цел драстично да се зголеми бројот на депортации.

Но, жителите на зафатените градови реагираат остро. Тие тврдат дека припадниците на граничната патрола и федералната служба за имиграција и царина (ICE) уапсиле многу лица без какво било кривично досие, користејќи тактики што ја загрозуваат безбедноста на населението.

Меѓу тие што стравуваат е и жена која се претстави само како Еби. Таа вели дека нејзиното семејство дошло од Мексико пред дваесет години, но никогаш не успеале да добијат легален статус. Сега се плаши дека би можела да биде уапсена и одвоена од својот десетгодишен син, кој е американски државјанин. „Не сме сите криминалци. Ние сме вредни луѓе. Луѓе кои рано стануваат за да работат, да ги остварат своите цели и да се борат за своите соништа“, вели таа.

Операцијата во Њу Орлеанс, град со околу 384.000 жители, ќе трае до крајот на годината, но нејзиниот точен опфат сè уште не е познат.

Минатиот месец федерален судија ја укина уредбата од 2013 година што ѝ ја ограничуваше на полицијата во Њу Орлеанс улогата во спроведување на федералните имиграциски закони. Сепак, полициската надзорничка Ен Киркпатрик изјави кон крајот на ноември дека градската полиција нема да учествува во акциите на ICE.

Операцијата во Њу Орлеанс следи по сличната акција на граничната патрола во Шарлот, Северна Каролина, што дополнително ги засили тензиите околу имиграциската политика во земјата.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни