Летните гласини за романса меѓу 53-годишниот поранешен премиер и 40-годишната пејачка која го изведува хитот „I Kissed a Girl“ изгледа дека се потврдени. Овој викенд беа објавени фотографии на кои се гледа двојката како се прегрнува на јахта крај брегот на Санта Барбара, Калифорнија.
Пери објави дека се разделила од актерот Орландо Блум во јули. Иако никогаш не се венчале, тие имаат ќерка на пет години.
Трудо се повлече од премиерската функција во март и пред две години објави дека тој и сопругата Софи Грегуар се разделуваат по 18 години брак. Тие имаат три деца.
Иако Трудо и Пери јавно не ја потврдија врската, фотографиите предизвикаа многу реакции на интернет.
Гласините за романса меѓу нив првпат се појавија во јули, кога беа забележани на интимна вечера во Монреал. Потоа Трудо бил забележан и на концертот на Пери во Канада.