Се отвора роденденската сезона на Македонска филхармонија

Новата сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“ започнува в четврток, на 10 октомври, со почеток во 20 часот со концертот насловен „Го славиме јубилејот“ на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел.

На програмата е премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светска премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни