Францускиот институт во Скопје и фестивалот Скопско лето известуваат:

Се откажува уличното дефиле и претстава „Сонот на Ербер“, како и видео-мапингот „Франција во светлина“ на Емил Петро

Францускиот институт во Скопје и фестивалот Скопско лето информираат дека уличното дефиле и претстава „Сонот на Ербер“, како и видео-мапингот „Франција во светлина“ на Емил Петро, предвидени да се одржат вечерва, од 21 часот, ќе бидат откажани. 

„Уметниците од француската трупа „Кидам“ не успеаја да пристигнаат во Скопје, поради задоцнети и откажани летови, кои се должат на невремето што изминатиов период ја зафати Западна Европа“, се вели во соопштението на Францускиот институт во Скопје.

Сепак, објаснуваат, се работи само за одложување.

„Францускиот институт во Скопје ќе го одржи своето ветување и ќе донесе голема и убава улична претстава во Скопје, отворена за најширока публика, во знак на затворање на 50-годишнината од своето постоење“, велат од Институтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни