Се откажавте од пушењето? Еве колку време треба за да се намали ризикот од срцеви заболувања

Експертите со децении знаат дека пушењето цигари може значително да го оштети срцето. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), од 2022 година, Светската федерација за срце и Универзитетот во Њукасл во Австралија, 1,9 милиони луѓе годишно умираат од срцеви заболувања предизвикани од пушење.

Во студијата, објавена во списанието JAMA, научниците од Јужна Кореја испитувале здравствени податоци на повеќе од 100.000 поранешни пушачи и повеќе од четири милиони луѓе кои никогаш не пушеле. Поранешните пушачи биле следени 10 години откако се откажале од пушењето. Евидентирани се и други детали, вклучувајќи ја возраста, колку години имале кога почнале да пушат, колку цигари пушеле дневно и колку години имале кога престанале да пушат.

Поранешните „тешки“ пушачи имаат ист ризик од кардиоваскуларни болести како пациентите кои продолжуваат да пушат.

Студијата покажала дека врската помеѓу пушењето и ризикот од кардиоваскуларни болести е зависна од дозата – што значи дека кај оние кои биле „лесни“ пушачи, ризикот нагло опаднал релативно брзо по откажувањето.

Но, за поранешните „тешки“ пушачи, кои пушеле најмалку осум години, истражувачите заклучиле дека би можело да бидат потребни 25 години за ризикот од срцев удар и мозочен удар да се изеднали со оној на личноста која никогаш не пушела.

Кај поранешните „тешки“ пушачи постои ризик од кардиоваскуларни болести еднаков на оној на пациентите кои продолжуваат да пушат, велат авторите на студијата.

Десетици студии покажале дека пушењето е поврзано со срцева слабост – кога срцевиот мускул не пумпа крв низ телото како што треба, обично затоа што е премногу слаб или вкочанет.

Како резултат на тоа, срцето не може да ги снабдува органите и ткивата со кислород и витални хранливи материи потребни за нормална функција. 7.000 хемикалии во тутунот – вклучително и катран и други – можат да ги оштетат крвните садови кои го снабдуваат срцето, што се смета дека е одговорно за некои од штетите што пушењето ги предизвикува на срцето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни