Се откажa од 40 милиони долари: Добитник на лото донирал во добротворни цели

Добитникот на лото Том Крист се откажа од своите 40 милиони долари освоени на канадската лотарија.

За CBC News, овој долгогодишен директор на електрична компанија во Канада изјави: „Имав среќа да работам за компанијата 44 години. Во текот на мојата кариера заработив доволно пари за да се грижам за себе и за моите деца. Затоа не ми требаат освоените пари на лотарија“.

Наместо да ги земе освоените пари, тој решил да донира милиони во добротворни цели.

Но, позадината на таквата одлука е потресна, пренесува германски MSN.com.

Неколку месеци пред да освои пари на лотарија, Том Крист доживеа тежок судбински удар, неговата сопруга почина од рак на белите дробови.

Ова, како што објасни, е и причината поради која ги донирал големите добивки од лотарија на добротворна организација која се грижи за децата на кои им е потребен посебен третман за рак.

Извор: fenix-magazin.de

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни