Се откачи жичарата кај Неапол, загинаа четири лица

Жичарата беше отворена пред само една недела, со почетокот на туристичката сезона. Популарна е поради погледот кон Везув и Неаполскиот залив.

Четири лица загинаа, а едно е тешко повредено кога вчера се откачи жичара кај Неапол, соопштија властите.

Инцидентот се случил на планината Монте Фајто, околу 45 километри југоисточно од Неапол, пишува Ројтерс.

„Кабината падна на врвот“, напиша на Фејсбук Умберто Де Грегорио, директорот на компанијата за јавен превоз која управува со жичарата, нарекувајќи го тоа „трагедија“. Според неколку извештаи на италијанските медиуми, пукнал еден од каблите што ја држат кабината.

Шеснаесет патници беа спасени од кабина која застанала во воздухот блиску до подножјето на планината. Тие беа евакуирани еден по еден со помош на појаси. Спасувачките операции беа отежнати поради магла и силен ветер.

Жичарата беше отворена пред само една недела, со почетокот на туристичката сезона. Популарна е поради погледот кон Везув и Неаполскиот залив.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни