Навивачите на ,,Партизан” спонтано и громогласно извикуваа во знак на поддршка на студентите и нивната борба за правда за настраданите луѓе при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Претходно својата поддршка ја објави телевизијата Спорт Клуб. На својот инстаграм профил објави дека редакцијата ќе се приклучи на утрешниот генерален штрајк и нема да емитува програма на телевизијата и нема да објавува вести на веб страна и на социјалните медиуми.
,,На тој ден нема да се вклучуваме во живо од студио во утринските часови, нема да има информативна програма, нема да има ниту коментирање при директните преноси на Спорт Клуб”, стои во објавата.