Лидерот на опозициската партија Тиса, Петер Маѓар, вечерва изјави дека е „претпазлив оптимист“ по објавените анкети кои покажуваат дека неговата листа води на изборите, заблагодарувајќи им се на гласачите кои ја препознале важноста на парламентарните избори.
На прес-конференција, Маѓар оцени дека ова бил „историски ден“ и им се заблагодари на граѓаните за високата излезност на избирачките места. Тој ги поздрави сите кои помогнале да се спречат „изборни измами“, наведувајќи дека од податоците што ги има се гледа дека купувањето гласови било помалку успешно отколку на изборите во 2022 и 2018 година, пренесува BBC.
Маѓар ги отфрли тврдењата на владејачката партија Фидес на Виктор Орбан дека опозицијата подготвува насилни протести.
„Ги молам сите да бидат мирни, трпеливи и да се подготвиме за прослава“, порача Маѓар.