Под мотото “ОСЛОБОДИ ЈА БИЛКАТА”, се одржа третиот КОНОПФЕСТ во Градски парк во Скопје


Третиот по ред КОНОПФЕСТ, наречен „OCB КОНОПФЕСТП“ по четиригодишна пауза се одржа
вчера во Градскиот парк Скопје на новата сцена Лепеза. Фестивалот започна во 12 часот на пладне траеше до полноќ. Настанот е во организација на Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА.

Се поголемиот тренд, на регионално, европско и светско ниво за легализација на канабисот, како алтернатива на хемиските супстанци, како и медицинскиот бенефит го отвара просторорт за целосна декрининализација на канабисот. Токму ова е главната порака на Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА.

Мотото на манифестацијата годнава е “ОСЛОБОДИ ЈА БИЛКАТА”. Во исто време веројатно е потребно и да се ослободиме од лажниот морализам, балканскиот менталитет и предрасудите.

Преку денот излегоа улични изведувачи кои го прикажуваа нивниот талент да ја разиграат атмосферата.

Конопфест во Градскиот парк собра многу убави насмеани луѓе од сите генерации со убава енергија. На целодневен пикник со многу интересни содржини оние кои вчера беа во Конопфест поминаа убав ден. На настанот учествува домашни изведувачи и диџеи, имаше food corfner со TOTO
DAILY и FAT KITCHEN BISTRO, OCB.

Преку фестивалот уште еднаш се испрати порака за декриминализација на канабисот во медицински и рекреативни цели. Економските, медицинските и социјалните придобивки од употребата на канабисот во медицински цели во повеќе земји од Европа се се по видиливи за се повеќе земји од светот и Европа одат кон што поголема либерализација на канабисот. Последен пример е Германија каде од први април секој граѓанин има право да одгледува до три растенија канабис дневно, да носи со себе 25 грама и да чува до 50 грама дома.


Бенефит од легализација на канабис меѓу другото е и сузбивање на црниот пазар. Подржувачите за декриминализацијата на канабисост бараат ова растение да се тргне од листата на нелегални растенија.

Конопфест во светот се прославува во многи земји секоја година на 20 април, на Светскиот Ден на канабисот. Настанот претставува дружење, собирање, љубов, среќа, емоција. Собир на луѓе кои не го прифаќаат лажниот морализам кој што се пропагира.

Конопфест и има директно влијание и на јавната свест, а тоа го потврдуваат масовните посети кои
стануваат препознатлив белег на фестивалот. Пораката е дека е потребна целосна легализација на
канабисот.

На вчерашниот Конопфест, беше одржан натпревар по ролање. Се ролаше „Х-Г Микс“ – мешавина од билки што се користи за мешање или како замена за тутун. Ролачките способности на учесниците ги ценеше четиричлено жири составено од двајца претставници на БИЛКА, претставник на OCB и на GROWNSHOP.

Примероците на кандидатите беа оценувани според должина, изглед и пополнетост. За тројцата првопласирани ќе има награди од три, две и илјада денари како и подароци од OCB.

Годинешнов Конопфест уште еднаш ги собра на едно место сите оние кои се залагаат за легализација и декриминализација на марихуаната и кои ја испратија пораката “ОСЛОБОДИ ЈА БИЛКАТА”.

Конопфест 2024 ни докажа дека луѓето во Македонија се спремни да уживаат во канабисот. Канабисот годишно го користат околу 162 милиони луѓе во светот, а 22,5 милиони на дневна база.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни