Во Заливот на Коските – Музеј на вода во Охридското Езеро повторно беше поставена традиционалната подводна новогодишна елка. Оваа необична празнична манифестација се одржува веќе повеќе од 20 години и симболично ја означува почетокот на новогодишните и божиќните празници.
Елката ја поставија нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ во соработка со Здружението за ретки болести и со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид. Организаторите потенцираат дека акцијата е посветена на децата со ретки болести, „малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден“.
„Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребно“, велат од организаторскиот тим.