Машката мода низ историјата

Се менувале стилови и дизајни ама палтото доминирало во сите периоди

Развојот на диското ерата си го зазема местото во модните трендови. Тоа значително го променило начинот на облекување кај мажите. Во овој период, актери, музичари и други познати личности имале големо влијание врз модата. Трендовите брзо доаѓале, но и брзо си оделе, се до осумдесеттите години на минатиот век.

Скоро и да не постои маж на кој му е потребно повеќе време да се облече и подготви отколку на која било жена. Можеби постојат исклучоци, но затоа се и исклучоци, зарем не? Анализирајќи го стилот на облекување на мажите низ текот на вековите едно е јасно дека машката облека вклучува едноставни парчиња, одреден вид пантолони или високи чорапи, кошула и палто.

Во зависност од векот и околностите така се менувале дизајните и стиловите, но едно останало исто, а тоа е комбинацијата на неколку парчиња облека. Но за тоа да си го потврдиме ние, а да ве увериме и вас ајде да се навратиме низ времето. Ако не повеќе барем од периодот на ренесансата па се до денес. Но, за да има смисла да зборуваме за стилови, првин да дознаеме нешто повеќе за првата употреба на облеката.

Првата забележена употреба
Според археолозите и антрополозите, првата облека најверојатно се состоела од крзно, кожа, листови или трева кои биле завиткани или врзани околу телото. Археолозите многу рано ги откриле иглите за шиење од коска и слонова коска од пред 30.000 години п.н.е, пронајдени во близина на Костенки, Русија во 1988 година. Обоените ленени влакна кои можеби се користеле за облека биле пронајдени во праисториска пештера во Грузија пред 36.000 години.

Телесни вошки го даваат одговорот за првите парчиња облека
Ралф Китлер, Манфред Кеизер и Марк Стоункинг, антрополози на Институтот „Макс Планк” за еволутивна антропологија спровеле генетска истражување на телесни вошки коишто укажуваат на тоа дека облеката датира од пред околу 107.000 години. Телесните вошки се знак за носење на облека, бидејќи повеќе луѓе имаат ретки влакна на телото, поради тоа вошките бараат човечка облека за да преживеат. Нивното истражување укажува на тоа дека пронаоѓањето на облека можеби се совпаѓа со миграцијата кон север на современиот хомо сапиенс (Homo sapiens) далеку од жешката клима на Африка, која се мисли дека започнала пред 50.000- 100.000 години. Меѓутоа, втората група на истражувачи кои користеле слични генетски методи, процениле дека облеката потекнува од пред 540.000 години. За сега, датумот за настанувањето на облеката останува неоткриен.

Ренесансата и машката мода
Ренесансата е културно движење во период од 14 до 17 век. Започнува во Фиренца во доцниот среден век, од каде бргу се шири и во остатокот од Европа. Модата претставува своевиден статусен симбол во овој период.

Модата претставува своевиден статусен симбол во овој период. Властите сериозно почнуваат да се занимаваат со класните разлики и начинот на облекување, па со закон одредуваат кој што ќе носи. Богатите граѓани и благородниците носат скапоцени, со вез украсени свилени фустани, крзно и појаси. Обичните граѓани и селаните, не смеат да носат свила. Тие носеа едноставна облека без било какви украси.

Мажите во овој период најчесто носеле слоевите облека, која се состоела од свилена кошула, елек, наметка, куси панталони и чорапи.

Машката мода во ерата на барок стилот
Во 1700-тите облеката и кај двата пола добивала на волумен, но тоа претежно било изразено кај жените. Тоа особено се карактеризирало за Франција и Централна Европа. Сепак и во тоа време машката облека подразбирала едноставност и вклучувала високи чорапи, поткошула, широки куси пантолони, полнето палто како и високи чизми.

Мажите и модата во Викторијанската ера
Сите знаеме за владеењето на кралицата Викторија. Таа имаше своја модна ера, поточно Викторијанската ера, позната по корсети, капи, раскошни фустани. Сепак и мажите во тоа време имале препознатлив стил, барем оние од повисоките слоеви. Нивната гардероба претставувала костум составен од палто, елек и панталони. Во приликите кога се движеле на отворено носеле и палто или наметка.

Симболот на машката облека од минатиот век – фармерките

Името на човекот кој ги измислил фармерките е Леви Штраус. Штраус е роден во Германија во 1829 година, но на многу млади години заминал да живее во САД. Најпрво живеел во Њујорк, но во 1853 година заминал во Сан Франциско, каде работел заедно со брат му. Двајцата браќа работеле во продавница за облека за мажи, особено наменета за оние кои биле дел од тогаш познатата „златна треска“. Овие луѓе работеле во многу тешки услови и поради тоа им требале пантолони од некој многу цврст материјал. Штраус е првиот човек кој започнал да произведува пантолони од цврст материјал. Подоцна Штраус на пантолоните им додал метални копчиња за да ги направи уште поиздржливи. Од тој момент цврстите панталони на Штраус станеале популарни.

На почетокот на 20 век само работниците носеле фармерки на работните места. Но по Втората светска војна тинејџерите и студентите започнале да ги носат за излегување. Денес скоро и да не постои човек кој не носи фармерки. Ги има во разни бои и дезени, од ултра скапи до оние за неколку евра.

Модната индустрија и машката мода во раните години на минатиот век

Модната индустрија е производ на модерната ера. Од почетокот на 20 век со откривањето на нови технологии како што е машината за шиење, зголемувањето на светскиот капитализам и развивањето на фабричкиот систем на производство и зголемувањето на бројот на продажни места како што се стоковните куќи – облеката почнала масивно да се произведува во стандардни величини и се продавала по не променлива – фиксна цена.

Во раните години на оваа деценија популарни биле јакните со појас кои потсетувале на униформите како остаток од Првата светска војна. Панталоните биле пошироки и со раб на средината. Во вториот дел од овој период, чантите станале моден додаток, а модерни биле и двобојните чевли. Главно се носеле вратоврски, додека машни биле резервирани за свечени пригоди.

Како Втората светска војна ја „скрои“ машката мода
Оделата биле изработени од синтетичка волна и имале прилично едноставни кроеви, без џебовите и наборите што биле видени претходно. На крајот на оваа деценија се појавиле некои значајни дизајнери кои го одбележаа модниот свет. Кристијан Диор беше едно од звучните имиња што е доминантно и денес. Во тој период костумите стануваат поквалитетни, имаат подобар крој, а по подолг период машката мода повторно станува важна. Како што веќе беше видливо на крајот на четириесеттите, во педесеттите модата повторно добила на интензитет. Машките костуми станале пошироки во рамениците, а панталоните станале потесни и пократки.

Пресвртница во машката мода во периодот на 60-тите и 70-тите
Според многумина ова е ера на силните бои, хипи изгледот и фармерките. Во тој период на мода биле и сребрените костуми, ватираните јакни и кадифените панталони. Развојот на диското ерата си го зазема местото. Тоа значително го променило начинот на облекување на мажите. Во овој период, актери, музичари и други познати личности имале големо влијание врз модата. Трендовите брзо доаѓале, но и брзо си оделе, така се до осумдесеттите.

Последна позначајна пресвртница кај машката облека
Во периодот од 1990 до 1999 година машката мода станала по oпуштенa и се оддалечувалa од класичниот деловен изглед. Модерни беа фланелни кошули, фармерки и тексас јакни во особено светли бои и измиен изглед. Вратоврските биле пошироки од денешните модерни.

Машката облека во денешно време е лесна и едноставна, практично функционална. Скоро секој маж негува свој стил, но во пракса тоа се фармерки или пантолони во комбинација со маица или кошула и палто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни