Се излеа реката Соча во Словенија, поплавени патишта, ниви, подруми

По обилните врнежи во Словенија, реката Соча и нејзините притоки се излеаја од нивните корита во регионот Бовец во текот на ноќта, пренесуваат словенечките медиуми.

Од излевањето на реките поплавени се полиња, ниви, патишта, но и подруми во куќите. Како што пишува „СТА“, волонтерските екипи на противпожарните екипи евакуирале 30 луѓе од пат во Лепена, кој бил блокиран поради одрон, предизвикан од поплавите.

Медиумите исто така јавија и дека едно лице е повредено, откако врз него паднало дрво во општината Толмин.

Службите цела ноќ биле на терен, отстранувајќи паднати дрвја од патиштата низ државата, но и испумпувале вода од подрумите во домовите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни