Се издвојува по топлината на луѓето, градовите како од бајките и нереалната природа

Според читателите на списанието Condé Nast Traveler (Награди за избор на читатели 2025), најпријателска земја во Европа е Естонија

Енија е најпријателската земја во Европа
Оваа балтичка држава го зазеде првото место на листата на најпријателски европски земји за 2025 година, според изборот на читателите на списанието Condé Nast Traveler.

Според овогодинешниот избор на читателите на престижното списание Condé Nast Traveler (Награди за избор на читатели 2025), титулата најпријателска земја во Европа ѝ припадна на Естонија – балтичка држава која често е неправедно запоставена на туристичката мапа.

Како што објавува Time Out, илјадници патници од целиот свет ги споделија своите искуства, а Естонија ги изненади сите, надминувајќи ги туристичките гиганти како Италија, Грција и Шпанија.

Оваа земја, позната по своите густи шуми, мирни езера, диви брегови и традиционални сауни, ги воодушеви посетителите со своето гостопримство и топлина.

Бајковитиот главен град Талин го зголемува угледот на земјата – средновековните ѕидини, калдрмисаните улици и скриените дворови создаваат магична атмосфера преку ден, додека навечер се трансформира во жив град полн со барови, пабови и локални пиварници.

На листата на најпријателски земји, Естонија е веднаш зад Ирска, позната по своите пријателски луѓе, пабовите во Голвеј и приказните на водичите од Аранските Острови.

Третото место го зазеде сончевата Португалија, каде што насмеаните домаќини, прекрасните пејзажи и вкусната храна се дел од секојдневниот живот.

Топ 10 најпријателски земји во Европа за 2025 година:

Естонија
Ирска
Португалија
Исланд
Турција
Грција
Италија
Австрија
Шпанија
Кипар

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни