Се испумпува водата од Буковиќ и се чистат каналите за да се спречи ново излевање

По поројните дождови, механизацијата и екипите на противпожарната служба во општина Сарај активно го испумпуваат водата од Буковиќ и Семениште, чистат канали и стабилизираат инфраструктурата за да се спречат дополнителни поплави.

По силните поројни дождови во општина Сарај, селата Буковиќ и Семениште беа погодени од поплави. Со механизација и активни екипи се чистат поплавените објекти и критичните канали, со цел да се спречи ново излевање на водата.

Преземени се следните мерки -испумпување и расчистување со екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Тетово кои ја испумпуваат водата од поплавените објекти и чистат критични точки. Во делот на инфраструктура, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја стабилизираат и прочистуваат канализациската мрежа. Дирекцијата за заштита и спасување ја проценува штетата и обезбедува техничка поддршка во координација со локалните структури.

Надлежни на терен

На терен се наоѓаат директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, градоначалникот на општина Сарај Мухамед Елмази, првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, министерот за животна средина Мухамед Хоџа и Зекерија Бериша, кои ја следат состојбата и ја координираат институционалната реакција.

Градоначалникот Елмази апелираше до граѓаните да бидат внимателни, да ги избегнуваат загрозените подрачја и да се јавуваат на соодветните служби во случај на итна состојба.

Со координирано дејствување на сите институции, се преземаат интензивни мерки за заштита на населението, минимизирање на штетата и брзо санирање на последиците од поплавите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни